Примената на Законот за заштита на укажувачите во С.Македонија и по неговото усвојување во изминатите три години, сè уште се одвива многу бавно. Според досегашното искуство, укажувачите највеќе доверба имаат во Државната комисија за спречување на корупцијата. И покрај тоа што, државните институции и приватни компании имаат обврска да усвојат процедури за истражување на пријавените случаи, Законот во таа област сè уште не се спроведува.
На следниот линк проследете го прилогот подготвен од Aljazeera Balkans за првиот укажувач во Македонија – Симо Груевски, како и ставовите на претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија – д-р Слаѓана Тасева, и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведувањето на Законот за заштита на укажувачите во Македонија: