Планот за борба против корупцијата на Владата на Република Северна Македонија во којшто се земени предвид и забелешките на Транспаренси Интернешнл од последниот извештај за Индексот на перцепција на корупцијата за 2020 година воведува законска обврска за јавните институции да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување за корупција.
Во Планот којшто е познат и како Акција 21, се задолжуваат сите органи на државната управа да назначат овластено лице за прием на пријави, додека на институциите кои немаат статус на државен орган им се укажува, а на единиците на локалната самоуправа им се препорачува да назначат овластено лице за прием на пријави.
Транспаренси Интернешнл Македонија во рамките на проектот „Застапување на имплементација на законодавството за укажувачи во Македонија“ поддржан од грант на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, активно го следи спроведувањето на овие законски обврски за заштита на укажувачите.