Претставник на Транспаренси Интернешнл Македонија, како дел од Платформата на граѓански организации во борбата против корупцијата беше дел на работната група за подготовка на Предлог на закон за заштита на укажувачи формирана од Министерството за правда и придонесе со своето знаење и експертиза за подобрување на правната рамка за заштитата на укажувачите.
Во процесот на изготвување на предлог законот беа одржани 15 состаноци и две јавни дебати. Со добиените препораки и забелешки по однос на текстот и примената на постојниот Закон за заштита на укажувачи во самиот процес беа предложени решенија за подобрувања на правната рамка за заштита на укажувачите. Долгогодишната работа и залагање за укажувачите, нивните права и важност во опшеството од страна на нашата организација беа укажана и беа дадени предлози во насока на приближување со новата ЕУ Директива 2019/1937 за заштита на укажуивачите.
Нашата цел беше да се имплементираат најдобрите европски практики во законот со кои ќе се подобри статусот на укажувачите во нашето опшество, да им се обезбеди поголема заштита од одмаздничко дејствување како и да се охрабрат институциите да се вклучат во активна промоција на заштитата на укажувачите.
До овој момент законот е во завршна административна процедура пред официјално поднесување во Собранието. Иако нашата држава е во предизборен процес се очекува донесување на законот во престојниот период.