Социјален експеримент: Како младите во Југоисточна Европа реагираат кога се сведоци на корупција?
Регионалната антикорупциска иницијатива претставува социјален експеримент кој ја истражува тешката реалност да се биде укажувач.
ЛИНК: https://youtu.be/5KeL57ZWMc8
Што би направиле доколку сте сведоци на корупција? Дали би биле исплашени и би премолчеле? Или би собрале храброст и сила да проговорите и да го пријавите делото? Што би се случило ако станете укажувач?
Ова беа некои од прашањата со кои се соочија несвесните учесници во единствениот социјален експеримент спроведен од Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ). Бидејќи укажувањето станува сѐ повообичаено во Југоисточна Европа, РАИ работи на информирање на креаторите на политиките и на пошироката јавност за суштинската улога на граѓаните во разоткривањето на корупцијата, како и потребата да се заштитат овие важни сведоци од одмазда.
Граѓаните кои се соочуваат со корупција кои решаваат да проговорат и пружаат отпор, ги нарекуваме укажувачи. Видеото за социјалниот експеримент има за цел да ја подигне јавната свест, особено кај младите, за важноста на укажувањето во борбата против корупцијата.
Во експериментот, шест млади лица беа поканети на лажен кастинг за телевизиска реклама. Актери имаа улоги на режисер и членови на екипата. Како што се одвиваше кастингот, учесниците стануваа жртва на бескрупулозниот режисер. Имаат јасен избор: да проговорат за погрешното однесување или да премолчат.
Изненадувачките резултати од експериментот се опфатени во видеото на РАИ, „Свирче за храбрите“ (‘Whistle for the Brave Ones’). До крајот на видеото, младите сознаваат какво е чувството да се биде укажувач, што е движечката сила за луѓето да проговорат и со кои предизвици се соочуваат сведоците.
„Важно е јавноста, а особено младината, да се информира за укажувањето со нагласување на директните придобивки што тоа ги носи за пошироката заедница“, кажа Десислава Гоцкова, Раководител на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива во Сараево. „За да го постигнеме ова, меѓу другото, треба да се соочиме со вообичаените стереотипи за укажувачите.“
Гоцкова кажа дека најдобриот начин да се помогне во разбивањето на еден стереотип е да ѝ се помогне на јавноста самата да донесе заклучок. Таа наведе дека социјалниот експеримент на РАИ е ефективна алатка за промена на перцепциите на укажувачите.
Видеото за социјалниот експеримент „Свирче за храбрите“ (‘Whistle for the Brave Ones’), кое е достапно преку линк, беше подготвено како дел од проектот на РАИ „Прекинување на тишината: Унапредување на политиките и културата на укажување на земјите од Западен Балкан и Молдавија“, финансиран од Европската Унија.
#RaiSEE #SEE #BreakingTheSilence #Whistleblowing