Вашингтон, 3 септември, 2019
Во случајот детектив Елер против Државната полиција во Ајдахо, детективот Брендон Елер го реши својот случај како укажувач, откако Државната полиција во Ајдахо го компензираше за емотивниот стрес којшто го доживеа како последица на одмазда од страна на полицискиот департмент поради тоа што обелоденил коруптивни активности во полициската станица во Ајдахо во коишто бил вклучен друг полициски службеник и сведочел против него.
Со помош на професор по право од Универзитетот во Ајдахо и Националниот Центар за Укажувачи (National Whistleblower Center) коишто поднеле барање до судот amicus curiae до врховниот суд во Ајдахо, детектив Елер успеал да добие компензација за емотивниот стрес којшто му бил предизвикан.
“Укажувачите го заслужуваат правото да обелоденат измама и корупција без страв од последици. Неопходно е во нашето општество да се воведат заштитни мерки за тие коишто ќе обелоденат корупција” – вели детектив Елер.
Повеќе за оваа вест можете да прочитате на: https://www.whistleblowers.org/news/idaho-state-police-whistleblower-wins-retaliation-case-and-receives-financial-reward/