Центарот за проучување на демократијата и управувањето и Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа организираше настан во Тирана на 21 март 2019 година по повод Меѓународниот ден на укажувачите.
На настанот присуствуваа членовите на Коалицијата од регионот, претставници од владини институции и приватни компании, како и новинари, кои дискутираа за прашања кои се однесуваат на укажување и заштита на укажувачите.
Во третата година од овој настан “Наградата за слободен говор” ѝ беше доделена на истражувачката новинарка Клодијана Лала, која извести за голем број случаи на корупција и злоупотреба на моќ.
Улогата на новинарите и медиумите во целина се смета за неопходна не само во смисла на информирање и свесност за укажување, туку и во известување за корупција преку иницирање, истражување или известување за разни коруптивни случаи во земјата, особено со оглед на тоа дека откривањето на корупцијата останува вистински предизвик.
Настанот беше организиран со поддршка од Амбасадата на Холандија во Албанија и National Endowment for Democracy.