Државните службеници коишто ги открија тајните прислушувања во периодот на премиерот Груевски заслужуваат правда
22.11.2018 Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, чие храбро откривање на тајните прислушкувања доведе до оставка на премиерот Никола Груевски во 2016 година, треба веднаш да бидат вратени на работните позиции во државниот сектор, што ги изгубија како како одмаздување за нивното дело, барање по кое се изјаснија три невладини организации денес.
Транспаренси Интернешнл-Македонија, Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа, и Европскиот центар за правата на укажувачите веќе долго време се залагаа за праведно враќање на Лазаревски и Костовски на нивните работни места.
“Македонија треба да остане силна во борбата против заробувањето на државата која ефикасно започна со откривање на тајните прислушувања и големите коруптивни шеми предводени од поранешниот премиер Груевски”, изјави Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија. “Не е праведно да се зборува за тоа колку е важна борбата против корупцијата за правда во Македонија без да се донесе правда за Лазаревски и Костовски”.
“Враќањето на нивните работни позиции за овие укажувачи е најмалку што може да биде очекувано по усвојувањето на Законот за заштита на укажувачите којшто беше усвоен како резултат на нивното откривање и во последователните политички одлуки, вклучувајќи го и формирањето на Специјалното обвинителство кое ги води истрагите”, изјави Тасева.
Работејќи како колеги во Управата за безбедност и контраразузнавање, Лазаревски и Костовски работеа три години за да документираат несоодветно прислушување на околу 20.000 државни службеници, судии, луѓе од бизнис – секторот, активисти, новинари и други лица под сомнение од страна на владата на Груевски.
Шокантното откривање во 2015 година доведе до оставка на Груевски, на нови избори во 2016 година, формирање нова влада во 2017 година и обвиненија на 94 луѓе и седум компании. Претходно овој месец Лазаревски сведочеше во судењето на повеќе од 10 лица обвинети во врска со скандалот.
“Значењето на она што Лазаревски и Костовски го направија за да ја “прочистат” нивната држава не може да биде повеќе нагласено”, изјави Кристина Стеванчевиќ, координатор на Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа, со седиште во Подгорица. “Нивниот хероизам се протега надвор од Македонија. Тие се примери за сите Европејци кои треба да се слават “.
Како одмазда за нивното откривање на прислушувањето, Лазаревски и Костовски беа кривично обвинети и поминаа речиси една година затвор – од коja поголем дел во самица. Конечно сомнителните обвиненија против двајцата беа повлечени.
“Овие двајца луѓе претрпеа доволно”, изјави Марк Ворт, извршен директор на Европскиот центар за правата на укажувачите, со седиште во Берлин. “Тие не можат да го вратат времето кое неправедно го поминаа во затвор. Нашите основни поими за правда и достоинство бараат да бидат вратени на нивните работни места и целосно да бидат компензирани за сите нивни загуби”.
Трите невладини организации активно водеа кампања за Лазаревски и Костовски за нивните финансиски загуби. Транспаренси Интернешнл Македонија ги номинираше двајцата за наградата “Дафне Каруана Галиција” која се доделува за новинари и укажувачи. Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа им ја додели на Лазаревски и Костовски Наградата за Слободен Говор на јавна церемонија во Приштина во месец март од оваа година. Европскиот центар ги повика активистите и граѓаните ширум светот да пишуваат писма до претставниците на македонските власти за поддршка на укажувачите.
Контакти
Слаѓана Тасева
Транспаренси Интернешнл Македонија
staseva@transparency.mk
(+389) 70 342 961
Кристина Стеванчевиќ
Европска Коалиција за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа
kristina.stevancevic@see-wb.org
(+41) 797 343 823
Марк Ворт
Европски Центар за заштита на укажувачите
mworth@whistleblower-rights.org
(+49) 176 630 94993