Укажувачите заедно со новинарите и граѓански активисти играат значајна улога во откривањето на финансискиот криминал и корупцијата. Покрај тоа, тие ја зголемуваат свеста за општествените влијанија од корупцијата и допринесуваат за реформски политики и развивање на култура на јавна отчетност и интегритет.
Конвенцијата на Обединетите нации против корупција ја препознава важноста на укажувачите и овозможува основа за национални правни рамки (особено преку член 8 и член 33).
Напредок и пречки при воспоставување на ефективни системи за укажувачи и нивна заштита беше темата на европската мрежа за вториот регионален состанок одржан на 5 мај. Четворица говорници од Германија, Република Чешка, Северна Македонија и меѓународна организација, како и повеќе од 20 говорници ги одразија предизвиците при усвојувањето на усогласена легислатива во нивните земји и споделија стратегии за застапување и иницијативи за заштита на укажувачи.
Ставовите споделени од членовите и останатите засегнати страни беа искористени за да се подготви став на Коалицијата во однос на заштита на укажувачи и да биде презентиран на состанокот во јуни на UNCAC групата за преглед на имплементацијата.
Потребна е поголема транспарентност и вклученост при усвојување на легислативата во Европа
Состанокот го започна Данела Њуман со презентација на најновите активности на Коалицијата и краток преглед од страна на Ана Ревуелта во однос на резултатите од годишното истражување за активностите.
Мари Теракол од Заштита на укажувачи (Whistleblower Protection Lead) во рамки на Транспаренси Интернешнл, се фокусираше на Европската унија и даде преглед на тоа како Директивата на ЕУ за заштита на укажувачите се транспонира низ 27-те земји-членки на ЕУ.
Во 2019 година, Европската унија направи ветувачки чекор со усвојувањето на Директивата за заштита на укажувачите. Преку револуционерни одредби, низа јавни и приватни организации мора да воспостават канали за укажување, и на секое лице коешто ќе пријави погрешно постапување во контекст на активности поврзани со работата, ќе му/ѝ се гарантира правна заштита и поддршка. Сепак, ситуациите што се разгледуваат во Директивата се недоволни. Владите треба да го надминат рестриктивниот опсег на Директивата (прекршување на правото на ЕУ во дефинирани области) ако сакаат да понудат ефикасна заштита на укажувачите кои пријавуваат во корист на јавниот интерес).
И покрај тоа што статусот на процесот на транспонирање во земјите на ЕУ заостанува и по крајниот рок – има уште 7 земји кои постигнале минимален или никаков напредок. Како што објасни Мари, транспонирањето не значи само донесување закон, туку стапување во сила на збир на закони, регулативи и административни одредби. Затоа, од суштинско значење е граѓанското општество да биде вклучено и да продолжи да се залага за посилни гаранции. Мари тврдеше дека квалитетот треба да ја надмине брзината: донесувањето закон е важно, но не по цена на транспарентен и инклузивен процес.
Граѓански иницијативи за промена на културните перцепции и застапување за поголема заштита на укажувачите
Космас Цител, директор на Whistleblower-Netzwerk, сподели дека сѐ уште постои лоша репутација за укажувањето во Германија, поради главно историски причини. Во Германија сѐ уште не постои Закон за укажувачи, освен само некои регулативи во финансискиот сектор. Како резултат на тоа, укажувачите се соочуваат со правни несигурности во однос на тоа кога е дозволено да се укаже за нешто. Работниците можат да пријават само кај својот надлежен во одредени околности, а доколку сакаат да пријават надвор од организацијата, мора да докажат дека не постои можност за внатрешно пријавување.
Кога Whistleblower-Netzwerk била основана во 2006 година, сфатиле дека за да се промени правниот статус на укажувачите, најпрвин морале да ги променат стереотипите за нив и да ја истакнат важноста на укажувачите. Започнале со споделување на приказни за укажувачи онлајн. Во соработка со работните синдикати и други граѓански организации, како и со поддршка од новинарите и здруженијата и некои политички партии, допринеле до подобрување на репутацијата на укажувачите.
Во однос на легислативата во Германија, нацрт-законот неодамна предложен од новата влада содржи силни и слаби страни. На пример, укажувањето што се однесува на нерегуларни постапки, а кои не се во спротивност со законот, не е заштитено, и не е предвидена финансиска поддршка за укажувачите, додека откривањето на доверливи информации се разгледува само во исклучителни околности. Whistleblower-Netzwerk главно се фокусира на последните две согледувања.
Šárka Zvěřina Trunkátová, претседателка на Oživení и координаторка на проектот „Заштита на укажувачите“ истакна дека Чешка не го испочитувала рокот за транспонирање на ЕУ Директивата за заштита на укажувачи поради изборите. Како што и секогаш се случувало, новата влада започнала со креирање на нов нацрт- закон за укажувачи од почеток. Парламентарното одобрување треба да започне есента 2022 година, но исто така разочарувачки е што нема јавна дебата за Законот и за заштита на укажувачите во Чешка.
За да се спротивстави на оваа ситуација, Oživení започна истражување на јавното мислење за мерење на свеста како и перцепциите во однос на укажувањето. Најважно било да се истакне тоа доколку луѓето разберат кои практики се погрешни и последиците за општеството, поверојатно е дека луѓето ќе ги пријават. За подигнување на свеста, организацијата спроведува кампањи со графики и фрази на социјалните медиуми и ги охрабрува луѓето да споделуваат искуства со укажување на нивното работно место.
Во однос на застапувањето, Oživení се дел од „Реконструкција на државата“, платформа за граѓанско лобирање преку која тие се залагаат, меѓу другите прашања, за препознавање и заштита на укажувачите. Тие соработуваат со други граѓански организации за да изнесат заеднички став и да предложат измени на предлог-законот за укажувачи. Тие одржуваат добри односи со функционери од Министерството за правда вклучени во подготовката на законот.
Последната презентација даде преглед на поинакво сценарио во Северна Македонија, кандидатка за ЕУ членство, со Закон за заштита на укажувачи од 2016 година. Проектот на Транспаренси Интернешнл Македонија се фокусира на имплементација на законодавството за укажувачи и беше презентиран од страна на Александра Блануша, проектна асистентка во ТИ-Македонија.
Во Македонија, Законот покрива три вида на пријавување: заштитено внатрешно пријавување, заштитено надворешно пријавување (како на пример кај Народниот правобранител) и јавно пријавување кога укажувачот јавно пријавува преку медиумите. ТИ-Македонија се залага за соодветна имплементација на моменталната легислатива за укажувачи, вклучувајќи и понатамошно усогласување со ЕУ acquis. Законот ги задолжува јавните институции да назначат соодветно лице за заштита на укажувачот, што ќе ги прима пријавите и во овој поглед ТИ-Македонија креираше веб-платформа што содржи и табели на јавни институции и информации во однос на назначените лица за прием на пријави од укажувачи – којашто моментално содржи 151 контакт лица. Исто така, Транспаренси Интернешнл Македонија достави публикации до околу 300 јавни институции коишто ги направи во рамки на проектот и кои содржат информации за Законот за заштита на укажувачи. Во однос на подигнување на јавната свест, ТИ-Македонија постојано ја одржува интерактивната платформа за укажувачи.
Дискусија за тоа што е сеопфатно законодавство и што може да направи граѓанското општество
Следеше стимулативна дискусија по презентацијата за квалитетот на законодавството и рамки за заштита на укажувачите и што може да се направи, од перспектива на граѓанското општество, за добро законодавство и соодветно спроведување.
Првата точка беше дадена околу укажувањето на корупцијата, бидејќи Директивата на ЕУ се однесува само на прекршоци на правото на ЕУ. На пример, случаите на укажување за јавни набавки не се опфатени бидејќи се однесуваат на националното законодавство. Вториот заклучок се однесуваше за тешкотиите за навремено спроведување и одржување на заштитата на укажувачите. Во случаите на корупција на високо ниво, укажувачите може да бидат на милост и немилост на политичките промени и да завршат самите да бидат под истрага и нивниот идентитет да биде откриен во јавната сфера. Во други случаи, укажувачите се влечат на суд бидејќи биле тужени од нивните работодавци.
Транспонирањето на Директивата на ЕУ претставува ризици и можности. На пример, да се дозволи анонимно укажување и да се прошири опсегот на заштита би било позитивен тренд, но на тој начин би можело да се зголеми бројот на исклучоци на национално ниво, како што е количината на доверливи информации за кои не е дозволено да се укажува. Едно прашање што треба да го имаме на ум е дека „преголемата институционализација“ на заштитата на укажувачите може да создаде пренатрупаност. Меѓутоа, бидејќи работите сè уште не се поврзани во многу земји, граѓанските организации можат да го следат усвојувањето на законодавството и да поднесуваат препораки до владата и парламентот, како за процесот за барање транспарентност и вклученост, така и за содржината на законодавството.
Конечно, дискусијата ја подигна поентата дека укажувањето може да биде за сè. Тоа носи можност за граѓанското општество да соработува надвор од антикорупциската агенда и да допре до други актери, на пример, за прашања поврзани со животната средина. Соработката во рамките на граѓанското општество се покажа како влијателна во земјите каде што постоеја ризици од затајување на законодавството во процесот на усвојување, а солидна коалиција на организации се залагаше за одржување на највисоките стандарди.