Милчо Манчевски вообичаено шета по црвениот тепих. Низ својата 30 годишна кариера, македонскиот режисер и писател беше номиниран за Оскар, освои Златен лав на Филмскиот фестивал во Венеција и беше прогласен за најдобар режисер на Рејнденс. На својата светска премиера, неговото последно филмско дело „Кајмак“ беше номинирано за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Токио.
Сепак, во неговата родна земја, црвените килими беа заменети со трнлива патека.
Според Манчевски тој е мета на одмазничко однесување бидејќи обелодени финансиски нерегуларности и судир на интереси во македонската Агенција за филм. Иронично, тоа е институцијата која му помогна на Манчевски да го сними својот класик од 1994 година „Пред дождот“, кој преку ноќ го прослави и ја донесе првата номинација за Оскар во Македонија.
Манчевски вели дека открил мрежа на вработени во институциите, лидери на политички партии и филмски работници кој се потпираат на корупција и прогон за да го контролираат и спроведуваат државното финансирање на филмовите.
„Научив за структурата на она што се случува во Владата и филмската мафија: Oгромна сума на парични средства што се незаконски исплаќани по проект, наместени конкурси и државнио средства кои одат за проекти кои не исполнуваат никакви критериуми“ вели Манчевски. Сума на парични средства што се незаконски исплаќани најчесто изнесува околу 30%. Тие ги делат парите со лица од повисоките структури во политичките партии.
Како потврда за нерегуларностите кои што ги посочи Манчевски беа констатациите од Министерството за култура, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупција, како и од Транспаренси Интернешнл Македонија. „Незаконистоста и конфликтот на интереси сеуште постојат“ заклучи Транспаренси Интернешнл Македонија. Сепак, Манчевски е единственото лице кое се соочува со правни постапки.
Двојни улоги: Познато име и обичен криминалец
Манчевски е познато име во Северна Македонија, а е познат и на меѓународно ниво. Неговите филмови имаат освоено 90 награди, дистрибуирани се во повеќе од 100 земји и прикажани се на повеќе од 350 фестивали. Тој поседува почесен докторат и предава низ филмските школи во Европа, Азија и САД. Исто така има објавено есеи, изложби на свои фотографии и режирал музички видеа. Манчевски е подобен за македонската економија, преку своите проекти придонел 17 милиони евра странски инвестиции преку филмската индустрија во земјата.
И покрај неговата добра репутација, Манчевски вели дека се третира како обичен криминалец. Агенцијата за филм го разубеди Министерството за култура да спроведе истрага во неговите финансии, враќајќи се многу години наназад за да испита филмски проекти кои се веќе завршени. Иако не се пронајдени никави нерегуларности, Агенцијата за филм поднесе кривична пријава против него. Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа се обиде да стапи во контакт со Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски за интервју, но одговор не беше добиен.
Ова беше само почеток. Манчевски вели дека Агенцијата за филм одбива да потпише договор за тековна продукција на филм кој е веќе одобрен од нив. И вели дека Агенцијата одбива да обезбеди договорени 140.000 евра за завршениот филмски проект „Кајмак“, нешто што беше посочено како незаконито од Министерството за култура. По спроведена анализа Транспаренси Интернешнл Македонија утврди дека постапките на Агенцијата за филм се одмазднички.
Манчевски вели дека неговите последни филмови добиле помалку финансиска поддршка од оние направени од режисери кои режирале за прв пат. „Сите мои филмови добиваат помалку пари од македонската влада, за разлика за филмови од синовите на македонските режисери, шефови на полиција и поранешни владини портпароли“.
Медиумите кои се провладино ориентирани организираа кампања за клевета која според него „ е полна со лаги и клевети“. „Тоа беше разочарувачки, но не и изненадувачки“. Знаев дека ќе пробаат да направат нешто, но не мислев дека ќе бидат толку безскрупулозни“ рече тој. „Режисерите се исплашени. Ако ваков вид на прогон може да ми се случи мене кој имам значителни меѓународни признанија, што треба да очекуваат помладите или помалку познатите режисери? Тие се плашат за своите кариери и егзистенција“.
Во знак за меѓународна поддршка, Венецијанскиот филмски фестивал со отоворено писмо изрази поддршка за Манчевски: „Исклучително ни е жал што слушаме дека се соочувате со масовна политичка кампања на клевети, лични закани и политичко и професионално оцрнување. (Ние сме) изненадени што вашето храбро обелоденување на неправилностите извршени од (Агенцијата за филм) беше проследено со неверојатна кампања за острацизам и континуирано непријателство на Агенцијата чие недолично однесување, згора на тоа, беше препознаено“.
Извор: https://see-whistleblowing.org/filmmaker-milcho-manchevskis-latest-drama-corruption-fighter/
Автор: Mark Worth