Укажувањето е еден од најефективните начини за откривање на корупција, измама, лошо управување и други неправилности кои го загрозуваат јавното здравје и безбедност, финансискиот интегритет, човековите права и животната средина. Неетичкото или незаконското однесување во бизнисот и јавните институции, исто така, може да доведат до катастрофални последици за самите организации.
Повеќето укажувачи за сомнителни неправилности најпрво пријавуваат во нивните организации, затоа што тие најдобро можат да се справат со недоличното однесување во рамките на нивните надлежности. Затоа, од суштинско значење е организациите, без разлика дали се приватни компании или јавни институции, да обезбедат безбедни и ефективни механизми за примање и решавање на овие пријави, како и силна заштита на укажувачите. Ефективните системи за внатрешно пријавување можат да помогнат да се постигне тоа.
Системите за внатрешно пријавување претставуваат безбедни канали за вработените и засегнатите страни на организацијата за примање на пријави, ги штитат оние кои пријавуваат од одмазда и гo водат постапувањето на организацијата по пријавите. Овие системи исто така претставуваат моќни алатки за управување со ризик и превенција, коишто помагаат организациите да се заштитат од ефектите на недоличното однесување – вклучувајќи и правна одговорност, трајна штета на угледот и сериозни финансиски загуби.
Оваа публикација има за цел да ја поддржи имплементацијата на организациите за ефективни системи за внатрешно пријавување преку истакнување на принципите на најдобри практики. Исто така, се обидува да им помогне на организациите кои работат во рамките на Европската унија (ЕУ) да ги исполнат своите обврски според Директивата на ЕУ за заштита на укажувачите.
Извор: www.transparency.org/en/publications/internal-whistleblowing-systems