23.06.2020
Зборувајќи против шемите за измама за даночните обврзници, укажувачите ги заштедуваат јавните пари што значи дека луѓето имаат подобри јавни услуги
За многу луѓе, пандемијата на корона вирусот ја истакна важноста на јавните услуги, посебно болниците и училиштата, и финансирањето. Секој денар е важен. Кризата исто така покажа дека онаму каде што има најмалку надзор за тоа како се трошат јавните пари, корупцијата е највеќе распространета.
Укажувачите имаат клучна улога во заштитата на јавните пари. Кога луѓето зборуваат за злоупотребата на јавните пари, тие можат да направат вистинска разлика во однос на тоа како владите ги трошат парите – со значење дека можат да обезбедат подобри услуги.
Државниот службеник Лео Штајнер го сфати тоа кога прозборе за распределбата на субвенциите на ЕУ во северозападниот регион на Република Чешка. Во 2012 година, тој стана дел во секторот одговорен за распределба на субвенциите на ЕУ, надевајќи се да помогне за финансирање на највеќе потребните јавни проекти како училиштата, културните и спортските центри.
Но, Штајнер почна да се сомнева. Субвенциите, се чинеше дека не одат таму каде што се највеќе потребни. Богатите области се стекнаа со средства за прескапи објекти, додека некои области каде што е највеќе потребна финансиска поддршка не добија ништо.
Говорејќи за потребата наспроти алчноста
Штајнер наскоро дозна и зошто. На состанок на Комитетот за управување со шемата за финансирање, тој бил сведок на членовите коишто отворено распределувале милијарди на чешката круна пред да бидат одобрени повиците за проектни апликации. На друг состанок, 20% од грантовите биле дистрибуирани за подмитување на луѓе за тоа кои проекти требало да бидат одобрени.
Со поддршка од чешкиот огранок на Транспаренси Интернешнл, Штајнер го пријавил случајот на анти корупциската полиција и ги дал документите за нивна истрага. Документите содржеле информации поврзани со пред-селекцијата на проектите, лажни инспекциски извештаи, список на проекти коишто биле највеќе преферирани на политичарите и притисок врз надворешните оценувачи. На службените лица им се заканувале со откази доколку не бидат дел од измамата. Многумина поднеле и оставки.
Раководителите се обиделе да го притиснат Штајнер да ги повлече неговите обвинувања. Му се заканувале, и тој ја напуштил својата работа плашејќи се за својот живот, пред да поднесе кривична пријава за манипулација со распределбата на грантови. Неговото сведочење помогнало во полициската истрага, која утврдила дека регионални политичари од високо ниво биле тесно поврзани со локалните бизниси. Повеќе од две-третини од започнатите проекти преку шемата од 20 милијарди круни ($800 милијарди американски долари) биле под сомнение.
Од 2013 година, неколку високи чешки претставници биле осудени за мито и измама. Вкупно, скоро триесет службеници, политичари, и деловни лица биле обвинети за злоупотреба на службената должност, манипулирање со јавни набавки, прифаќање мито или за злоупотреба на средства. Судските случаи се во тек, но Европската комисија веќе ја казни Чешката Република над 2 милијарди круни (8 милиони американски долари) за злоупотреба на јавните фондови.
Случајот исто така допринесол за промена во системот на државата за дистрибуција на европски фондови. Парите сега се распределуваат од централен орган, коишто не се подлежни на локално влијание – така што фондовите ќе бидат наменети за заедниците на коишто реално им се потребни.
Заштита на јавниот буџет од проневера
Без соодветен надзор, големите суми наменети за јавните буџети можат да создадат бројни можности за службениците да пренасочуваат средства за нивна корист.
Во ноември 2015 година, испитувајќи го извештајот на укажувачи во Хондурас за набавка на лекови во болницата Санта Барбара, Транспаренси Интернешнл откри дека раководителите на болниците манипулирале со тендерска постапка вредна над $100.000 американски долари. Наспроти прописите, тие ги поделиле набавките во помали делови – избегнувајќи го прагот за строго регулирано отворено јавно наддавање – потоа ги доделиле сите седум договори на една фирма.
Откривајќи дека другите понудувачи не се регистрирани и со сомнеж дека не постојат, огранокот на Транспаренси Интернешнл во Хондурас контактирал со националните власти. Во 2017 година, полицијата извршила рација во болницата, запленила документација и уапсила седум директори. Тројца имале потпишано сметки за лекови и одобрено плаќање, но пописот на болницата покажал дека лековите никогаш не биле доставени – лишувајќи ги пациентите од многу потребните лекови. Двајца, меѓу кои и директорот на болницата, досега се осудени на казна затвор, секој од нив на седум години.
Сличен случај имало и со укажувачи во Аргентина кои тврделе дека високи функционери на Националниот технолошки универзитет пренасочиле средства во вредност од 14 милиони пезоси ($2.7 милиони американски долари) од државен договор за следење на шема за јавни работи.
Судовите во 2019 година одлучиле дека деканот на универзитетот и администраторот на универзитетот мора да одговораат за средствата, наменети за поддршка на семејствата коишто се справуваат со невработеност.
Закани за изложување на корупцијата
Укажувачите имаат значајна улога во обезбедување на тоа парите на даночните обврзници да одат таму каде што треба. Но, нивниот пат е често предизвикувачки и може да ги обесхрабри другите јавно да проговорат. Повеќе од 20 години, Ана Гаридо Рамос работела во градското собрание во Боадила дел монте, во близина на Мадрид. Но, во 2007 година, раководителите започнале да вршат притисок врз неа да потпише нелегални договори во корист на политичарите. Кога таа одбила, тие се обиделе да ја поткупат, но безуспешно. Потоа, таа започнала да доживува сериозно вознемирување.
Сомневајќи се дека има широко распространета шема во Боадила, Гаридо Рамос го истражувала проблемот. Таа наскоро открила национална мрежа на корупција и во 2009 година претставила досие од 300 страници на Канцеларијата на обвинителството за борба против корупција.
Гаридо Рамос го открила она што е познато како случајот „Гуртел“, најголемиот корупциски скандал во демократската историја на Шпанија што доведе до апсења на многу политичари за примање мито, перење пари и даночни измами, за време на тогашната владејачка Народна партија во земјата. Во 2018 година, скандалот го принуди премиерот Маријано Рахој да даде оставка и неговата влада падна.
Гаридо Рамос сведочеше на суд и никогаш не се откажа од нејзината долга кампања против големата нелегална злоупотреба на парите на шпанските даночни обврзници. Но, таа направи големи жртви, стекна непријатели и претрпе закани и заплашувања. Од тогаш таа води кампања за поголема заштита на укажувачите.
Доколку немаше доволно храброст и истрајност за својот случај, луѓето во Шпанија ќе изгубеа милиони евра за да ги збогатат корумпираните политичари. Затоа е од суштинско значење за укажувачите да се чувствуваат безбедно за да проговорат за било какви неправилности.
Правејќи сите да се чувствуваат безбедни да проговорат
Случајот на Ана Гаридо Рамос ја потенцира позицијата на службените лица да пријават неправилности. Луѓето коишто ги демантираат јавните тела го прикриваат своето дело, што значи дека укажувачите се од суштинско значење за откривање на вистината. Ова значи дека јавните институции мора да ги охрабрат и заштитат.
Работодавците и регулаторите треба да понудат јасни, доверливи канали за укажување и ефикасно да ги истражуваат пријавите. Земјите мора да усвојат законодавство што ќе обезбеди такви механизми и ќе обезбеди заштита на укажувачите од одмазда.
Укажувањето е потребно на начин на којшто секој со знаење за некаква нерегуларност се чувствува самоуверен да пријави. Јавните услуги ни зависат од тоа.