8 ноември, 2019
Од Марк Ворт
Координатор на Коалицијата
Во текот на изминатите пет години, Југоисточна Европа го водеше светот во зајакнувањето на правата на укажувачите. Благодарение на напорната работа на креаторите на политики, активисти, новинари и граѓани, секоја Западно-Балканска држава сега има закон за заштита на укажувачи коишто ги содржат повеќето европски и меѓународни стандарди.
од лево кон десно: Александар Обрадовиќ, Мислав Котарац, Ѓорѓи Илиевски
Поради тоа, укажувачите немаат за што да се грижат, така? Погрешно.
Три тековни случаи на одмазда покажуваат дека регионот има долг пат пред да може вработените и граѓаните да пријавуваат криминал и корупција без страв од гонење, отпуштање од работа, и друго. Случаите исто така откриваат дека силните закони се една работа. Вистинската заштита во ситуации во реалниот живот е нешто друго.
„Имаме повеќе доверба во истражувачките новинари“
На 18 септември Српската агенција за разузнавање (САР) го уапси Александар Обрадовиќ во фабриката за оружје Крушик во Ваљево. Ова се случи три дена откако Arms Watch извести дека компанијата којашто е во државна сопственост е вклучена во извоз на муниција првично стекната од борците на Исламската држава во Јемен. Крушик е поврзана со Бранко Стефановиќ, таткото на српскиот вицепремиер Небојша Стефановиќ, според медиумските извештаи.
„Не лажев ниту фалсификував нешто Ова се фактите – и само дел од нив – за постапките на Крушик“, известува Обрадовиќ за Балканската мрежа за истражувачко известување (БИРН).
Според БИРН, обвинителите го истражуваат Обрадовиќ под сомнение дека отркивал трговски тајни, кривично дело казниво до 10 години затвор. Тој беше задржан во белградскиот централен затвор сè додека демонстрантите кои се собраа да извршат притисок врз властите да го ослободат во куќен притвор.
„Ако … она што го рече Обрадовиќ за корупцијата под сомнение кај Крушик, е точно, тоа не може да биде кривично дело, бидејќи законот за деловни тајни не го опфаќа тоа“, рече неговиот адвокат Владимир Гајиќ за Н1.
Обрадовиќ за БИРН изјави дека не верува во српските власти да ги испитаат доказите, па затоа се обратил директно на медиумите. „Жално е што во оваа земја имаме поголема доверба во истражувачките новинари отколку во државните истражни тела“, рече тој.
Предводени од БИРН, активисти ширум светот водат кампања за да бидат отфрлени сите правни дејствија против Обрадовиќ, а скандалот да биде целосно истражен. Во кампањата се вклучени Коалицијата на Југоисточна Европа за заштита на укажувачи, Европскиот центар за правата на укажувачите и Меѓународно укажување. Случајот со Обрадовиќ графички ја илустрира потребата за зајакнување на српскиот Закон за заштита на укажувачите во Србија од 2014 година.
Во Хрватска, Мислав Котарац беше јавно презиран и приватно закануван откако тој тврдеше дека има широко распространета корупција во хрватскиот Фонд за енергетска ефикасност и заштита на животната средина (ФЕЕЗЖС). Јавната агенција финансира зачувување, одржливост, обновлива енергија и други проекти за животна средина.
Изминатата пролет Котарац јавно изјави дека тој редовно пријавувал на хрватските власти – без никаква корист – доказ за злоупотреба на службена положба, неправилности во регрутирање, конфликт на интереси, и не-транспарентно трошење на јавни пари за влијание врз парламентарните избори. Котарац детално ги објаснил своите откритија во хрватскиот весник Дневно.
Котарац ги сподели екстензивните детали за наводните финансиски и управувачки нерегуларности во Фондот на Коалицијата за заштита на укажувачи на Југоисточна Европа.
„Фондот отсекогаш бил и секогаш ќе биде во сива област којашто не го следи почитувањето на законот“, Котарац кажува во долго интервју за Дневно во Септември. Тој кажа дека внатрешните ревизии на Фондот, државниот ревизор, Министерството за финансии, независните ревизорски компании и службените документи“ го потврдуваат постоењето на цела низа нерегуларности во работењето на Фондот.“
Тогашниот директор на Фондот, Дубравко Понос, се одмазди против Котарац со оваа закана минатата година: „Јас буквално ќе Ве обезглавам.“ Котарац го сними разговорот, кој на крајот беше пуштен во јавноста и доведе до отпуштање на Понос во октомври.
„Заканите, насилството, агресијата и вулгарниот говор се секојдневни модели на однесување на Понос – без исклучок“, рече Котарац за „Дневно“. На Котарац му било речено дека Понос се заканил на новинарите и уредниците со тужби „за да не се открие вистината во јавноста“ и дека Понос се фалел за запирање на објавувањето „компромитирачки написи“.
Котарац рече на Коалицијата дека јавните службеници „зборуваа против мене во серија лаги и клевети. Затоа, не е лесно во овој момент да живеам во Хрватска нормален живот како укажувач – како жртва на насилство и лаги од корумпиран систем. Но, ќе преживеам некако “.
Во Македонија, инспекторот при Министерството за образование Ѓорѓи Илиевски беше уназаден на неговото работно место во мај откако отрки дека три високи државни службеници – вклучително и министерот за образование – нелегално добиле академски титули на Државниот Универзитет во Тетово.
Како дел од неговите службени обврски, главниот инспектор за високо образование на Министерството, Илиевски открил универзитетски сертификати коишто незаконски биле доделени на министерот за образование Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, и директорот на Државната индустриска сопственост Сафет Емрули, според медиумските извештаи.
Без никаква корист, Илиевски им кажа на многу јавни агенции и службени лица за неправилностите, вклучително и неговиот претпоставен, обвинителите, антикорупциските службеници и финансиската полиција. Илиевски рече дека неколку високи функционери вршеле притисок врз него да молчи и да ги повлече своите извештаи, се заканиле дека ќе го дисциплинираат и го предупредиле да биде внимателен затоа што има семејство и деца.
Илиевски бил уназаден на пониско-платена работна позиција со помалку одговорности, за што и формално се жали. Тој се состана со холандската и француската амбасада во Скопје, и ја информираше канцеларијата на Европската Унија за одмаздувачката кампања против него.
„Секој ден сум под мобинг. Не добивам никакви работни обврски“, – кажа за Коалицијата. „Единствената институција којашто изреагира е јавниот правен бранител којшто пронајде многу нерегуларности. Другите институции ги игнорираат моите жалби и ме принудуваат да барам правда на суд.“
И покрај тоа што треба да замине во пензија во јануари 2020 година, Илиевски рече „Имам намера да продолжам со мојата борба“. Меѓу другото, тој побара од Уставниот суд во Македонија да донесе одлука за уставноста да им се овозможи на поранешните јавни службеници да добијат настава и академски титули. Илиевски беше наречен „народен херој и пример“ од Република.
Коалицијата се залагаше во име на Илиевски на високи јавни функционери во Скопје и Брисел. Иако неговата работна позиција е уназадена, до овој момент тој не е разрешен и тој продолжува да ја прима својата плата.