Вашингтон, 31 јули, 2019, Тhe New York Times
Cisco во јули 2019 се согласи да плати 8,6 милиони долари за да ги реши многубројните проблеми што ги предизвика во однос на софтверски и технолошки недостатоци поврзани со приватноста и безбедноста кај многу агенции, и институции на државно и локално ниво.
Некои од државните институции и ентитети коишто биле корисници на софтверските услуги на Cisco во САД се армијата, морнарицата, воздушните сили, Агенцијата за национална безбедност, и владата. Владата во едно свое сооопштение укажува дека софтверот за видео надзор на Cisco Systems којшто го користеле немал никаква корист, не ја исполнувал својата примарна намена којашто била да ја зајакне дигиталната безбедност на корисниците. Во многу случаи Cisco софтверот дури и ја намалувал заштитата кај своите корисници.
Недостатоците во однос на софтверската безбедност на Cisco биле разоткриени од страна на поранешен вработен во Cisco во Данска, Џејмс Глен којшто во 2008 година ги обелоденил овие софтверски недостатоци, но после 5 месеци по ова разоткривање во јавноста тој бил отпуштен од работа.
“Софтверските недостатоци којшто тој ги открил им овозможувале на хакери да се стекнат со неавторизиран пристап до системот за видео надзор, и да манипулираат со информации” – велат адвокатите на Глен во изјава за The New York Times.
Глен подоцна во 2010 година откако ги открил овие информации, увидел дека Cisco продолжуваат да го користат истиот софтвер знаејќи за безбедносните недостатоци и го пријавил случајот во FBI. Cisco Systems продолжиле да го користат истиот софтвер сè до јули 2013 година кога Cisco конечно се произнесува во јавноста за овие проблеми и при што изјавиле дека ќе го решат проблемот.
Бидејќи светот станува сè позависен од технолошката безбедност, овој случај на укажувач, за кој се верува дека е првиот фокусиран на компјутерската безбедност, „е предвесник на работите што доаѓаат“, изјави Мери Иман, адвокатка во Константин Канон. „Нам ни требаат укажувачите да бидат наши очи и уши и да ги одржиме одговорни фирмите за технологија“.
Инаку, Џејмс Глен моментално работи како специјалист за технологија за видео надзор во фирма во Бугарија. Ова бил првиот случај во Америка каде што во судски случај поврзан со компјутерска безбедност бил употребен False Claims Act или Lincoln Закон што им овозможува на луѓето кои не се поврзани со владата, наречени “релатори (realtors)” да поднесат барања и да иницираат предмет во име на владата (неформално наречено “свиркање”, особено кога релаторот е вработен во организација или компанија како обвинета во тужбата).
Повеќе за Џејмс Глен можете да прочитате во неговото интервју за ComputerWeekly на следниот линк: https://www.computerweekly.com/news/252468089/Whistleblowers-James-Glenns-battle-with-Cisco-opens-new-front-on-cyber-security