Со Законот за заштита на укажувачите (Сл. Весник на РМ 196/2015 и 35/18) се овозможи пријавување на случаи на кривично дело или друго незаконито однесување и со тоа активно да се вклучи во настојувањата за законитотост и владеење на правото, но и во борбата против корупцијата. Законот обезбедува заштита за оној што ќе пријави и за неговите блиски лица.
Што е заштитено пријавување?
Заштитеното пријавување во смисла на Законот за заштита на укажувачите се дефинира како пријавување со кое, во согласност со овој закон, се пренесува разумно сомневање или сознание дека е извршено, дека се извршува или дека е веројатно дека ќе се изврши казниво или друго незаконито или недозволиво постапување, со кое се повредува или се загрозува јавниот интерес.
Внатрешно и надворешно пријавување
Заштитено внатрешно пријавување укажувачот врши во институцијата, односно во правното лице, за каде има сомневање или сознание дека е извршено, се врши или ќе се изврши казниво дело, или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес.
Укажувачот, може да изврши пријавување и надвор од институцијата, односно правното лице за каде го врши пријавувањето, и при тоа таквото пријавување да се смета за заштитено надворешно пријавување, но само под услови пропишани со законот. Институции кои се надлежни за надоврешно пријавување: Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Државна комисија за спречување на корупцијата, Народниот правобранител на Република Северна Македонија и Јавно Обвинителство.