Националниот извештај ја оценува тековната правна рамка за заштита на укажувачите и нејзиното усогласување со Директивата на ЕУ за заштита на укажувачите на неправилности.Извештајот идентификува клучни празнини, слабости и области на кои им се потребни реформи и обезбедува целни, конкретни препораки за донесувачите на политики и релевантните засегнати страни, вклучувајќи компетентни органи, јавни институции, компании, граѓанско општество, синдикати, организации на работодавци и стручни тела. Еден дел од препораките е посветен на посебно нагласување на потребата за истакнување на родовата еднаквост во правниот текст, истакнувајќи ја важноста од заштита на ранлива категорија граѓани кои се појавиле во улога на укажувачи на неправилности.
Извештајот ги разгледува опсегот, дефинициите и условите за заштитни мерки од одмазда, развојот на канали и процедури за пријавување, како и механизмите за транспарентност и отчетност.
За да се оцени усогласеноста на правната рамка на земјата со Директивата на ЕУ за заштита на укажувачите на неправилности, овој извештај се потпира на Методологијата и насоките на Транспаренси Интернешнл од 2020 година за оценка на законодавството за пријавување неправилности како главен извор.
Националниот извештај може да се погледне на следниот линк: НАЦИОНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЦЕНКА НА СОСТОЈБАТА СО ЗАШТИТАТА НА УКАЖУВАЧИТЕ
Оваа публикација е изработена со финансиска поддршка од Француската агенција за развој (Agence française de développement), преку Експертиз Франс (Expertise France), во рамки на проектот „Зајакнување на укажувачите во борбата против корупцијата (EWAC)“. Нејзината содржина е единствена одговорност на Транспаренси Интернешнл – Македонија и под никакви околности не може да се смета дека ги одразува ставовите на Експертиз Франс или на Француската агенција за развој.








