Претставник на ТИ- Македонија, како дел од Платформата на граѓанскио организации во борбата против корупцијата беше дел од првиот состанок на работната група за подготовка на Предлог на закон за заштита на укажувачи, кој се одржа на 10 мај 2023 во хотел Хилтон.
Цел на состанокот беше запознавање на членовите во состав на Работната група со добиените препораки и забелешки по однос на текстот и примената на постојниот Закон за заштита на укажувачи (Службен весник, бр. 196/2015, 35/2018 и 257/2020), како и да се договори начинот и динамиката на Работна на работната група.
Платформата на граѓански организации во борбата против корупцијата ќе земе активно учество во оваа работна група и ќе придонесе со своето знаење и експертиза за подобрување на правната рамка за заштитата на укажувачите.