2020 и 2021 година се предизвик за многу држави – вклучително и за Европската Унија. Но, сепак пандемијата предизвикана од covid-19 не може да биде причина за одложување на заштитата на укажувачите. До крајот на 2021 година, сите земји – членки на Европската Унија се задолжени да спроведат легислатива за укажувачи или да ги променат постоечките одредби. Ова може да биде предизвик за некои земји со оглед на тоа што само 10 земји – членки на ЕУ имаат сеопфатен закон.
Краток преглед:
Која е идејата за ЕУ Директивата за укажувачи? Целта на ЕУ Директивата за укажувачи се однесува за јавниот и приватниот сектор и овозможува висок спектар на заштита за укажувачи. Секоја држава потребно е да ја измени постоечката легислатива или да создаде ново законодавство коешто ќе биде усогласено со Директивата.
Земјите кои имале усогласено законодавство пред донесување на ЕУ Директивата за укажувачи се: Франција, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Малта, Холандија, Словачка, Шведска, и Обединетото Кралство.
Во 2018 година 10 земји-членки на ЕУ имале усогласено законодавство – но овој број се намалил на 9 поради Брегзит. Останатите држави имале делумно усогласено законодавство или воопшто немале посебен закон.
Државите коишто претходно немале пракса за заштита на укажувачи се покажале како поуспешни. Она што може да го видиме, е дека претходните достигнувања на некои држави не гарантираат успешна примена на Директивата.
Кој води?
Белгија и Германија веќе ги имаат претставено нивните предлог-закони, додека останатите држави не биле успешни. Одложување во имплементацијата е видливо: држави како Данска веќе започнале со процесот на примена, но морале да презакажат јавни дискусии во врска со законот и гласањето. Поголемиот дел од државите преземале чекори во примена на ЕУ Директивата за укажувачи и организирале јавни дискусии, промениле легислатива (Словенија) и го одредиле датумот за примена на Директивата.
Како и да е, крајниот рок за примената нема да биде испочитуван од некои држави. Најзагрижувачки е тоа што – националното толкување на Директивата може да не кореспондира со најдобрите практики во легислативата за укажувачи што ги изложува укажувачите на многубројни опасности.
Извор: https://ethicontrol.com/en/blog/eudirective-progress-report