Официјалното усвојување на Директивата за укажувачи на ЕУ создава две-годишен прозорец за можности на земјите-членки на ЕУ да преземат водство во заштитата на укажувачите, со тоа што ја транспонираат директивата во национален закон, – изјавија од Транспаренси Интернешнл.
Транспаренси Интернешнл објави анализа и препораки за да им овозможи на земјите-членки да ги имплементираат националните закони базирани на најдобри практики со коишто ефективно ќе ги заштитат укажувачите и ќе ги поддржат напорите за анти-корупција во нивните земји. Во препораките е вклучено дека националното законодавство треба да ја земе во предвид секоја ситуација на укажување, и да обезбеди дека сите укажувачи се заштитени, вклучувајќи и ситуации кога работите за кои се укажува се однесуваат и на одбраната, безбедноста, и класифицираните информации.
Мари Теракол, програмски координатор за укажување во Транспаренси Интернешнл изјави дека: „Директивата на ЕУ е за пофалба и ќе превенира случаи како случајот за LuxLeaks и укажувачот Антоан Делтур да бидат повторени, но е лимитирана со прекршувања на ЕУ законот во други области. Владите на земјите-членки треба да обезбедат дека нивната легислатива потполно ги заштитува укажувачите коишто укажуваат на прекршувања на законот и закани за јавниот интерес.”
„Ukrainegate скандалот во САД ја нагласи важноста за укажувачите во заштитувањето на демократијата и превенцијата од злоупотреба на моќ. Амбициозна легислатива којашто треба да ја нагласи директивата во нејзиниот дух, а не напишаното, ќе ги направи ЕУ земјите лидери во оваа област,” – продолжува Теракол.
Транспаренси Интернешнл исто така ги советува ЕУ земјите да ја зајакнат заштитата на укажувачите во правните процедури и да создадат национални органи за укажувачи одговорни за надзор и спроведување на легислативата за укажувачите и за собирање и објавување на податоци за функционирањето на законот.
Во текот на наредните две години, Транспаренси Интернешнл ќе го набљудува транспонирањето на Директивата на ЕУ за укажувачи за да обезбеди дека на сите луѓе коишто се спротиставиле на корупцијата им е овозможена адекватна и еднаква заштита.