За проектот
logo secwp      transparency mk
 

Пребарајте на нашиот сајт

Зајакнување на укажувачите во Македонија

За проектот:

Проектот е фокусиран на создавање на Платформа за поддршка на заштитата на укажувачите која ќе служи како информативна алатка и ќе обезбеди транспарентност во имплементацијата на Законот за заштита на укажувачи од страна на државните институции. 

Онлајн платформата за заштита на укажувачи ќе обезбеди основни информации за процедурите и правната регулатива. Ќе собира информации од државните институции, како и информации за пријавени случаи на укаживачи со значително подобри податоци од кои ќе може да се добијат мерливи резултати. Во текот на проектот ќе се спроведат јавна кампања и акции за видливост за да се обезбеди транспарентно и разбирливо поимање на потребата за заштита на укажувачите.


Цели на проекти:

Општата цел е да се зголеми влијанието на граѓанското општество врз имплементацијата на ефикасната зашштита на укажувачите со креирање на интерактивна веб Платформа за заштита на укажувачите која ќе обезбеди транспарентност во извршувањето на обврските на институциите во однос на ново поставениот систем за заштина на укажувачите.

Специфични цели:
- креирање на Платформа како централна точка за заштита на укажувачите која ќе служи во обезбедувањето на транспарентност во имплемнтацијата на Законот за заштита на укажувачите од страна на валстите, ќе го зајакне извршувањето на јавните институции и ќе помогне во креирање на ефективен институцинален систем на укажувачи;
- да се зајакне јавната свест за правната регулатива за укажувачите и начините за пријавување, објаснувајќи ги постоечките механизми за заштита и обезбедувајќи релевантни информации за безбедно пријавување и правната заштита на укажувачи.


Активности:

1. Соработка со јавни иснтитуции
Соработката со јавни институции на национално и локално ниво е едно од најважните нешта поврзано со заштитата на укажувачите и антикорупциските иницијативи. 

2. Градење на институционална мрежа за заштита на укажувачи – механизми за внатрешно/ надворешно пријавување
Добро организирана мрежа на комуникација ќе ја подобри ефикасноста и транспарентноста на институциите.

3. Креирање на онлајн Платформа за заштита на укажувачи
Веб страната ќе биде креирана врз основа на добиените информации од релевантните јавни институции кои ќе придонесат во полнењето на информации на онлајн Платформата за заштита на укажувачите.

4. Јакнење на јавната свест и охрабрување за пријава на прекршување или загрозување на јавниот интерес согласно со Законот за заштита на укажувачите

5. Спроведување на кампања за застапување на национално ниво
Соодветна стратегија за застапување ќе биде креирана за да се промовира Платформата за заштита на укажувачите и како може да се искористи истата за адресирање на најчестите проблеми кои се однесуваат на заштитата на укажувачите.


За организацијата спроведувач на проектот

Транспаренси Интернешнл- Македонија е основана во декември 2006 година. Од нејзиното основање, ТИ-М е видлива во креирањето на антикорупциски политики развој на доброто владеење зановнано на транспарентност,надлежност и одговорност.

На почетокот на 2011, Транспарентност Нула Корупција добива акредитација за потполно членство во глобалната коалиција против корупција Транспаренци Интернешнл и го менува своето име во Транспаренци Интернешнл- Македонија. Организацијата стана референтна точка во медиумите и другите активисти кои работата за антикорупција и одговорност во република Македонија и пошироко. Напредокот во борбата против корупцијата е видлив во зголемената транспарентност, усвоената правна арегулатива и нивото на свест кај граѓаните.

ТИ-М делува надвор од политиката, работејќи транспарентно и во согласност на принципите на аполитичност, неселективност и објктивност, со безусловна почит за човекповите права и отвореност кон граѓаните.

ЛОКАЦИЈА:

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:

ул. Наум Наумовски Борче бр.58
1000 Скопје, Р.Македонија
 
++389 (2) 3217 000
 
info@ukazuvac.mk
 

СЛЕДЕТЕ НЕ:  fbg tg youtube1

ДОНАТОРИ:

btdlogo grey 
noremb grey