Застапување на имплементација на законодавството за укажувачи во Македонија
Период на имплементација: 11 октомври 2021 – 11 октомври 2022
Цели на проектот
Целта на проектот е понатамошно влијание врз соодветна практична имплементација на законодавството за укажувачи преку обезбедување на континуитет во соработката со соодветните институции, подигање на свеста кај граѓаните и ажурирање на интерактивната веб -платформа за укажувачи.
Специфични цели на проектот се:
– да се воспостави континуитет во соработката помеѓу граѓанските организации, приватниот сектор и релевантните државни институции во обезбедувањето поддршка на механизмите за заштита на укажувачите
– понатамошно усогласување на законодавството за укажувачи со правото на ЕУ
– подигање на јавната свест во врска со законодавството за укажувачи и воспоставените канали за заштитено пријавување, објаснувајќи го постоечкиот механизам за заштита и обезбедување релевантни информации за безбедно пријавување и правна заштита на укажувачите.
Активности
- Соработка со јавните институции и граѓански организации
– Спроведување состаноци со јавни институции, граѓански организации и приватни субјекти – соработка и комуникација со релевантните институции за спроведување на Законот за заштита на укажувачи, приватни субјекти и други граѓански организации кои работат во оваа област
– Спроведување на обуки со лица овластени за надворешно и внатрешно пријавување во соодветните институции и други релевантни чинители како граѓански организации, медиуми и приватни субјекти
- Одржување на онлајн платформа за заштита на укажувачи- можност за директно пријавување и подготовка на веб страна
- Следење на спроведувањето на законодавството
- Подигнување на јавната свест и кампањи за застапување на национално ниво
– Маркетинг на социјални медиуми
– Печатено и веб рекламирање
– Подготовка на промотивни видеа
– Спроведување кампања за застапување на национално ниво
Резултати
– Поблиска меѓуинституционална соработка за заштита на укажувачите
– Градење на соработка помеѓу граѓанските организации, приватни субјекти и институции
– Подготвен извештај за следење на спроведувањето на законодавството за укажувачи со препораки за унапредување
-Кампања за застапување-заеднички состаноци со главните засегнати страни за застапување и заедничка работа за ефективна имплементација на заштитата на укажувачите
– Обезбеден е континуитет на работата на Платформата за заштита на укажувачи- ТИ-Македонија може директно да комуницира со граѓаните, така што граѓаните ќе имаат пристап до аргументите за ефективна заштита на укажувачите. Оваа платформа служи како клучна точка за информации за законодавството за укажувачи, искуства, добри практики од целиот свет, информации за можностите за надворешно и внатрешно пријавување, итн.
- Воспоставена е промотивна кампања- ќе се користат социјални и печатени медиуми за промоција на проектните активности. Овој тип на медиуми ќе се користи за споделување информации до пошироката јавност
Транспаренси Интернешнл Македонија
Транспаренси Интернешнл Македонија е формирана во 2006 година и е членка на глобалната коалиција за борба против корупцијата Транспаренси Интернешнл којашто е распространета во повеќе од 100 земји во светот.
Визијата на Транспаренси Интернешнл Македонија e искоренување на корупцијата од македонското општество и воспоставување на систем на владеење на правото и општество во кое граѓаните и институциите се спротивставуваат на корупцијата и на незаконските политики.
Мисијата на Транспаренси Интернешнл Македонија е насочена кон aнализа на националната легислатива, компаративна анализа и препораки за подобрување на законската рамка, детектирање на ранливости во законите и правната рамка коишто потенцијално овозможуваат корупција, анализа на системот на национален интегритет на Република Северна Македонија преку анализа на анти-корупциските столбови, соработка со клучни засегнати страни (државни институции, граѓански сектор, бизнис заедницата, медиумите, граѓаните).
Транспаренси Интернешнл Македонија активно соработува и е вклучена во многубројни мрежи на национално и меѓународно ниво. Членка е на Платформата на граѓански организации во борба против корупцијата, Коалицијата за заштита на укажувачи на Југоисточна Европа (https://see-whistleblowing.org/) , и UNCAC (Коалицијата на Обединетите Нации за борба против корупцијата, https://uncaccoalition.org/)