Вести
logo secwp      transparency mk
 

Пребарајте на нашиот сајт

23.06.2020 Компаниите коишто ги охрабруваат укажувачите имаат увид во тоа што се случува – и може да го искористат како предност во бизнисот

Доказите покажуваат дека укажувачите сакаат да ги подобрат работите, и за своите компании и за клиентите. Сепак, многу компании ги игнорираат нивните укажувања, или полошо, се одмаздуваат на оние коишто укажуваат. Навистина е запрашувачки пристапот – затоа што доказите исто така покажуваат дека компаниите целосно ги игнорираат укажувачите.

advocacy

Во 2013 година, Хауард Вилкинсон, виш трговец во банката Данске во Естонија, побарал информација за клиент којшто е регистриран во Велика Британија. Вилкинсон ги проверил деталите на фирмата во деловниот регистар на Велика Британија каде што видел дека фирмата е суспендирана. Но, тој знаел дека истата спроведува трансакции вредни и до $20 милиони на ден.

Тој исто така дознал дека фирмата којашто е во руска сопственост имала заедничка адреса во Лондон со уште 64 други компании коишто имале сметка во банката Данске, и биле поврзани со далечни “offshore” банкарски центри коишто се познати по својата тајност.

Вилкинсон којшто пронашол слични карактеристики и во други документи на клиенти ги предупредил менаџерите дека банката прекршила бројни регулаторни услови со тоа што раководела со огромни суми на пари без соодветно внимание. Но, тие ги игнорирале неговите предупредувања.

Вилкинсон поднел оставка во 2014 година – несвесен дека го открил најголемиот скандал во историјата на перење на пари.

Октривање на корупцијата во зачудувачки размери

Иако внатрешните ревизори наскоро изразиле слични загрижувања, банката Данске не започнала независна истрага се до 2017 година, откако медиумите започнале да ги испитуваат нејзините трансфери на пари. Истрагата открила сума од $234 милијарди коишто поминале преку банката во Естонија помеѓу 2007 и 2015 година со неадекватни чекови за перење пари.

На крајот од 2018 година, данските обвинители ја обвиниле банката Данске за нетранспарентно и недоволно следење на сметките на нејзините корисници. Раководителите биле обвинети за кршење на данските закони против перење пари, и во февруари 2019 година, финансискиот регулатор на Естонија наредил банката да го напушти своето преставништво од државата во рок од осум месеци. Потоа банката го најавила своето повлекување од Естонија, Латвија, Литванија и Русија.

Акционерската вредност на Данске Банк е преполовена во текот на 2018 година, а со истрагите што се водат во Данска, Естонија, Франција, Германија, Шведска, Велика Британија, и САД, банката очекува казни од неколку милијарди долари.

Укажување за долгорочно корпоративно здравје

Скандалот потенцира на тоа зошто барањата на акционерите за ефикасни програми за укажувачи се зголемуваат. Компаниите кои ги охрабруваат и ги слушаат укажувачите и дава до знаење на јавноста и на инвеститорите дека го приоритизираат управувањето со ризици, социјалната одговорност и интегритетот – поддржуваат долгорочно создавање на вредност.   

Во 2018 година, академиците анализираа 1.2 милиони анонимизирани внатрешни пријави од вработени во јавни компании во САД. Тие откриле дека укажувачите се потребни за остварување на целите на бизнисот, вклучувајќи ја и профитабилноста. Тие им овозможуваат на фирмите да се справат со грешките пред да се предизвика поголема одговорност. Укажувачите се важни, иако не секогаш се третираат како такви.

Кога Кортланд Кели, инспектор за квалитет во Генерал Моторс (ГМ) во САД, пријавил на менаџерите за нерегуларности во однос на безбедност, компанијата го игнорирала  – што допринело инспекторите да се плашат да пријавуваат. Во 2014 година, ГМ се соочила со истрага за дефект којшто предизвикал многубројни судири и 124 смртни случаи – што можело да се избегне доколку компанијата имала програма за укажувачи. Вработените знаеле за дефектот, но не преземале ништо.

ГМ била принудена да плати преку $1.5 милијарди во казни и компензации. Исто така платила преку $3 милијарди за 30 милиони возила низ светот, и претрпела непресметлива штета на својот углед и продажба.

Вредноста на слушањето

Како и  Кели, поранешниот ЕY партнер Амџад Рихан бил малтретиран од раководството кога изразил загриженост околу ревизија направена кај клиент во Дубаи во 2013 година. Рихан открил дека Kaloti Jewellery International испорачувала злато обложено со сребро од Мароко за да избегне ограничувања на извозот. Тој исто така, се сомневал и на перење пари преку $5.2 милијарда вредно злато, веројатно од земји што извезуваат минерали.

Со тоа што ги пријавил своите пронаоѓања кај раководителот на Дубаи, Рихан тврдел дека бил притиснат во EY да ги смени своите тврдења. Шефовите на EY наводно му помогнале на Калоти и на раководителот да ги покрие пронајдоците. Плашејќи се за својот живот, Рихан побегнал во Велика Британија и поднел оставка.

Не можејќи да најде соодветна работа, ја тужел EY за нарушување на угледот. Во април 2020 година, високиот суд во Лондон изјавил дека EY го прекршила етичкиот кодекс на сметководителите во справувањето со Калоти и ја прекршил својата должност кон Рихан. Судот донел пресуда EY да му плати $10.8 милијарди обештетување.

Иако EY има за цел да се жали, пресудата претставува закана за угледот на фирмата и испраќа јасна порака дека корпоративните укажувачи можат успешно да го предизвикаат надворешното неетичко однесување кога некоја компанија несоодветно се справува внатрешно.

Внатрешно прислушување

Повеќе измами се откриени од дојави од укажувачи отколку на било кој друг начин, изјави Асоцијацијата на овластени испитувачи.

Многу луѓе се прашуваат каде биле укажувачите во врска со скандалот за емисија на Фолксваген во 2015 година. Нивното отсуство во таква распространета шема ја истакнува нивната клучна улога, како за работодавците, така и за општествата, и потребата да се заштитат. Исто така, ја покажува важноста на корпоративната култура која обезбедува сите да ја разбираат својата одговорност да пријават нерегуларно работење.