Вести
logo secwp      transparency mk
 

Пребарајте на нашиот сајт

Се вративме на местото на кое припаѓаме, ни рече телефонски Ѓорѓи Лазаревски кој потврди дека се вратиле на работа во МВР. Лазаревски заедно со Ѕвонко Костовски еден од двајцата вработени во УБК кои ги изнесоа материјалите со нелегално прислушувани разговори во 5-тата управа, кои потоа го добија името „бомби“ и открија многу случаи на коруптивно и криминално однесување на функционери од децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. За тоа во 2015-та заработија и обвинение во случајот Пуч, од кое потоа СЈО се откажа.

Денеска им бил прв работен ден, поставени се на соодветни позиции во УБК, а биле примени и од министерот Спасовски кој на фејсбук напиша: „За професионалците секогаш ќе има место во МВР“.

Враќањето во МВР претставува сатисфакција за она што го направивме, а сега е вистинско време за тоа откако се расчисти случајот, ни изјави телефонски Лазаревски.

Тој досега двапати беше сведок на СЈО во нивните случаи, откри како биле лоцирани и изнесени нелегално прислушуваните комуникации и посочи како успеал да ги пријави злоупотребите, но никој од надлежните не реагирал на нив. Прво беа обвинети, но потоа го одбија статаусот на укажувачи, лица вработени во институција кои откриваат внатрешни злоупотреби.

Иако по промената на власт се обидуваа да се вратат назад во МВР дури денеска им успеа тоа, речиси цели 4 години по отпуштањето и истрагата која дури ги однесе и во притвор. Двајцата, пролетоска, од Транспаренси интернешнл беа номинирани за наградата на европскиот парламент за „Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање“. Наградата ја доби убиениот словачки новинар кој истражувал корупција, но тогаш Лазаревски истакна дека по бомбите постојано се чувствуваат под ризик.

Двајцата овозможија јавноста да стекне увид во начинот на работата на претходната власт, а СЈО на нивниот труд отвори повеќе од 40 случаи од кои едниот „Тенк“ донесе казна за екс премиерот кој избега во Унгарија.

Миомир Серафиновиќ


ЛОКАЦИЈА:

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:

ул. Наум Наумовски Борче бр.58
1000 Скопје, Р.Македонија
 
++389 (2) 3217 000
 
info@ukazuvac.mk
 

СЛЕДЕТЕ НЕ:  fbg tg youtube1

ДОНАТОРИ:

btdlogo grey 
noremb grey