

23.06.2020
Зборувајќи против шемите за измама за даночните обврзници, укажувачите ги заштедуваат јавните пари што значи дека луѓето имаат подобри јавни услуги
За многу луѓе, пандемијата на корона вирусот ја истакна важноста на јавните услуги, посебно болниците и училиштата, и финансирањето. Секој денар е важен. Кризата исто така покажа дека онаму каде што има најмалку надзор за тоа како се трошат јавните пари, корупцијата е највеќе распространета.
Укажувачите имаат клучна улога во заштитата на јавните пари. Кога луѓето зборуваат за злоупотребата на јавните пари, тие можат да направат вистинска разлика во однос на тоа како владите ги трошат парите – со значење дека можат да обезбедат подобри услуги.
Државниот службеник Лео Штајнер го сфати тоа кога прозборе за распределбата на субвенциите на ЕУ во северозападниот регион на Република Чешка. Во 2012 година, тој стана дел во секторот одговорен за распределба на субвенциите на ЕУ, надевајќи се да помогне за финансирање на највеќе потребните јавни проекти како училиштата, културните и спортските центри.
Но, Штајнер почна да се сомнева. Субвенциите, се чинеше дека не одат таму каде што се највеќе потребни. Богатите области се стекнаа со средства за прескапи објекти, додека некои области каде што е највеќе потребна финансиска поддршка не добија ништо.
23.06.2020 Компаниите коишто ги охрабруваат укажувачите имаат увид во тоа што се случува – и може да го искористат како предност во бизнисот
Доказите покажуваат дека укажувачите сакаат да ги подобрат работите, и за своите компании и за клиентите. Сепак, многу компании ги игнорираат нивните укажувања, или полошо, се одмаздуваат на оние коишто укажуваат. Навистина е запрашувачки пристапот – затоа што доказите исто така покажуваат дека компаниите целосно ги игнорираат укажувачите.
Во 2013 година, Хауард Вилкинсон, виш трговец во банката Данске во Естонија, побарал информација за клиент којшто е регистриран во Велика Британија. Вилкинсон ги проверил деталите на фирмата во деловниот регистар на Велика Британија каде што видел дека фирмата е суспендирана. Но, тој знаел дека истата спроведува трансакции вредни и до $20 милиони на ден.
Тој исто така дознал дека фирмата којашто е во руска сопственост имала заедничка адреса во Лондон со уште 64 други компании коишто имале сметка во банката Данске, и биле поврзани со далечни “offshore” банкарски центри коишто се познати по својата тајност.
Вилкинсон којшто пронашол слични карактеристики и во други документи на клиенти ги предупредил менаџерите дека банката прекршила бројни регулаторни услови со тоа што раководела со огромни суми на пари без соодветно внимание. Но, тие ги игнорирале неговите предупредувања.
Вилкинсон поднел оставка во 2014 година – несвесен дека го открил најголемиот скандал во историјата на перење на пари.
24.12.2019 Сè уште не заживеал системот и механизмот за заштита на укажувачите затоа што сè уште недоволно се прави од страна на институциите од државниот и јавниот сектор, но и приватниот. Тие треба да обезбедат услови за безбедно пријавување од страна на укажувачите и понатаму да се спроведе целата постапка на начин што нема да се загрозат укажувачите и тие да не трпат последици од било каков вид за тоа што го кажале. Ова го истакна претседателката на Транспаренси Интернешнл-Македонија Слаѓана Тасева пред почетокот на обуката „Улогата на укажувачите во борбата против корупцијата“ што се одржa во Скопје.
– Досега немаме ниту еден пример позитивен, сè уште имаме многу укажувања и последни случаи за укажувачи кои имаат последици, кои водат постапки во суд заради тоа што имале последица од пријавувањето, трпеле мобинг или биле распоредувани на други работни места и друг тип последици, вели Тасева.