Вести
logo secwp      transparency mk
 

Пребарајте на нашиот сајт

2020 и 2021 година се предизвик за многу држави – вклучително и за Европската Унија. Но, сепак пандемијата предизвикана од covid-19 не може да биде причина за одложување на заштитата на укажувачите. До крајот на 2021 година, сите земји – членки на Европската Унија се задолжени да спроведат легислатива за укажувачи или да ги променат постоечките одредби. Ова може да биде предизвик за некои земји со оглед на тоа што само 10 земји – членки на ЕУ имаат сеопфатен закон.

Краток преглед:

Која е идејата за ЕУ Директивата за укажувачи? Целта на ЕУ Директивата за укажувачи се однесува за јавниот и приватниот сектор и овозможува висок спектар на заштита за укажувачи. Секоја држава потребно е да ја измени постоечката легислатива или да создаде ново законодавство коешто ќе биде усогласено со Директивата.

Земјите кои имале усогласено законодавство пред донесување на ЕУ Директивата за укажувачи се: Франција, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Малта, Холандија, Словачка, Шведска, и Обединетото Кралство.

Во 2018 година 10 земји-членки на ЕУ имале усогласено законодавство – но овој број се намалил на 9 поради Брегзит. Останатите држави имале делумно усогласено законодавство или воопшто немале посебен закон.

Анти-корупциските групи ги повикуваат парламентите да ги заштитат укажувачите:

„Луѓето ја имаат најголемата моќ да ги обелоденат еколошките криминални дела“

Берлин / Вашингтон, ДЦ – Националните парламенти низ Европа треба да ги зајакнат и заштитат укажувачите коишто откриваат злосторства коишто се закана за климата, изјави коалицијата на анти-корупциските групи.

Групите ги повикаа надлежните да ги вклучат злосторствата поврзани со климата во новите закони за заштита на укажувачи коишто треба да бидат донесени според новиот стандард на Европската Унија. Директивата од 2019 година предвидува сите 27 земји на ЕУ да им обезбедат на граѓаните доверливи канали за пријавување на повреди, законска заштита од одмазда, надомест на штета доколку се жртви и заложба дека пријавите ќе бидат испитани и преземени одредени активности.

„Климатските промени се нашиот најсериозен проблем, а граѓаните се наши ефикасни решавачи на проблемот,“ кажа Марк Ворт, директор на Европскиот центар за права на укажувачи и Меѓународно укажување во Берлин. „Доколку луѓето кои имаат информации за климатските закани и не можат да ги откријат, ние ќе ја изгубиме шансата да ја спасиме планетата од понатамошни повреди.“

Со усвојување на Законот за изменување на Законот за заштита на укажувачи, објавен во Службен весник на РСМ бр. 257 од 29.10.2020 година, се извршија измени  во прекршочите одредби на законот за заштита на укажувачи со тоа што глобите за одговорни лица во правни лица и за правните лица се значително намалени. На овој начин законодавецот наместо да покаже заложба за подобрување на примената на овој закон и да обезбеди соодветни ресурси и буџет, ја олеснува неговата непримена и непочитување на начин што ќе го загрози идентитетот на укажувачите и целисходноста на постоењето на овој закон.  Наместо намалување на глобите, законодавецот треба да ја искористи законски предвидената можност од Законот за прекршоците, за одредени прекршоци да мора и да може да се изрекуваат и повисоки глоби. Оваа можност треба да се однесува и на одредбите на антикорупциските закони како што е законот за укажувачи.
 
 “Со намалени глоби се овозможува и понатаму да не функционира системот, бидејќи полесно ќе биде да се платат казните, отколку да се расчисти состојбата, односно да се сносат последиците ако станува збор за незаконити дејства. Законот и досега имаше слаба или незначителна примена за да може да се оцени дали нешто треба да се менува во него. Прво требаше да се настојува сите институции да воспостават систем на пријавување од страна на укажувачи, а потоа да се види како тој систем функционира и дали има потреба од некаква интервенција во законот. Вака уште повеќе само се дерогира неговото значење и потребата од примена” , изјави Слаѓана Тасева – претседател на ТИ Македонија.

Whistleblower.jpg
Со намалени казни се овозможува и понатаму да не функционира системот, бидејќи полесно ќе биде да се платат казните, отколку да се расчисти состојбата, односно да се сносат последиците ако станува збор за незаконити дејства.
Вака го коментираат експерти новиот Предлог-закон за изменување на Законот за заштита на укажувачи, кој е во собраниска процедура. Според предвидените измени, се намалуваат казните за оние што ќе го откријат укажувачот.  Ако се усвои Предлог-законот, казните за сторен прекршок на овластеното лице за прием на пријави од укажувачи ќе изнесуваат од 100 до 500 евра. Досегашните казни беа во висина од 3.000 до 6.000 евра.
whistleblower

Main

 

23.06.2020

Зборувајќи против шемите за измама за даночните обврзници, укажувачите ги заштедуваат јавните пари што значи дека луѓето имаат подобри јавни услуги

За многу луѓе, пандемијата на корона вирусот ја истакна важноста на јавните услуги, посебно болниците и училиштата, и финансирањето. Секој денар е важен. Кризата исто така покажа дека онаму каде што има најмалку надзор за тоа како се трошат јавните пари, корупцијата е највеќе распространета.

Укажувачите имаат клучна улога во заштитата на јавните пари. Кога луѓето зборуваат за злоупотребата на јавните пари, тие можат да направат вистинска разлика во однос на тоа како владите ги трошат парите – со значење дека можат да обезбедат подобри услуги.

Државниот службеник Лео Штајнер го сфати тоа кога прозборе за распределбата на субвенциите на ЕУ во северозападниот регион на Република Чешка. Во 2012 година, тој стана дел во секторот одговорен за распределба на субвенциите на ЕУ, надевајќи се да помогне за финансирање на највеќе потребните јавни проекти како училиштата, културните и спортските центри.

Но, Штајнер почна да се сомнева. Субвенциите, се чинеше дека не одат таму каде што се највеќе потребни. Богатите области се стекнаа со средства за прескапи објекти, додека некои области каде што е највеќе потребна финансиска поддршка не добија ништо.